За Покајанието - старец Јероним Егински

1900

Кога постои искрено покајание, очајанието не наоѓа место во душата на човекот. Дури и предавникот Јуда ако се покаеше, ќе се спасеше. Но, не се покаја. Само се раскаја за неговото дело.

Кога постои сознание за нашата грешност, се раѓа покајанието. Покајанието треба да е искрено и да биде проследено со скрушеност на срцето.

Вистинското покајание и скрушеноста на срцето носат брзи резултати.

Покајанието треба да е постојано во човекот, никогаш да не заврши. Доколку апостолот Павле, оној кој стигна до третото небо, вели дека не е само грешен, туку дека e најгрешен од сите луѓе, што ли, пак, треба ние да речеме?

Затоа ви велам дека постојано треба да се каеме.

Давид згреши, но потоа цел живот велеше помилуј ме Боже и се спаси.

Не постои грев што може да ја победи милоста Божја. Колку пати и да паднеш, стани.

Бог веднаш простува, доволно е искрено да се покаеме.

Previous articleСиромаштво на духот - Свети Игнатиј Брјанчанинов
Next articleСе јави Незаодната Светлина - Богојавление во црквата „Свети Никола“, Перт